--> -->
-->
Насловна / Вести / Отворенo е аплицирањето за Бледскиот стратешки форум за млади

Отворенo е аплицирањето за Бледскиот стратешки форум за млади

Словенија на крајот на август ќе биде домаќин на еден од најинспиративните меѓународни собири за млади – Бледскиот стратешки форум за млади (Young Bled Strategic Forum – Young BSF), кој ќе се одржи од 29-ти до 31-ви август. Пријавите за учество се официјално отворени.

Young BSF стартувал во 2011 година, како пропратен настан на Бледската стратешка конференција, обединувајќи ги студентите и младите професионалци. Постепено се развил во самостојна и независна платформа. Овогодишното издание на форумот носи назив „Кои вредности?“, а ќе се фокусира на истражување на односот помеѓу личните и колективни вредности и нивните улоги во обликувањето на светската политика.

Пријавите за овогодишниот Young BSF, се отворени до 27-ми април, а сите заинтересирани може да го сторат тоа преку формуларот достапен на нивната веб страница. Присуството е бесплатно, а сите трошоци за учество се на товар на организаторите. Платформата ја обликуваат самите учесници – младите на возраст од 18 до 35 години, кои работат во широко дефинирано поле на меѓународната политика. „Бараме кандидати од различни средини, дисциплини и региони. Било да сте активист, инженер, дипломат, филозоф, претприемач, уметник или професионалец во било која област исклучително заинтересиран за меѓународната политика – ако сте пасионирани во создавањето на позитивни промени, Ве охрабруваме да се пријавите“ пишува во соопштението на организаторот. Форумот ќе прими околу 40 учесници од целиот свет, нудејќи им простор за размена на идеи, како и заедничко осмислување на решенија за современите глобални предизвици. По завршувањето на програмата Young BSF, учесниците ќе присуствуваат и на 20-тиот Бледски стратешки форум во Блед, во првите два дена од септември.

Испрати коментар

Scroll To Top