Во фабриката за фероникел „Фени Индустри“ во Кавадарци, во петокот се организираше седмиот „Отворен ден“. Заинтересираните граѓани имаа можност да се запознаат со постигнатиот напредок на фабриката во изминатите години, со производството, вложувањата во заштитата на животната средина и други прашања.
„Овој отворен ден има тројна придобивка. Настанот има информативно-едукативен карактер и ги опфаќа сите засегнати страни. Овој пат посетители се младинците на Кошаркарската академија Фени Индустри, уште еден општествено одговорен проект на ФЕНИ кој го поддржува спортот и младите луѓе, и на кои ФЕНИ се посебно горди оваа година бидејќи го освоија третото место на македонскиот национален шампионат“, рече Борка Петровска, менаџер на администрација.