Фабриката „Кнауф“, која е прва странска инвестиција во Дебар, денеска организираше Отворен ден за сите заинтересирани граѓани кои имаа можност да ги разгледаат производствените погони и да се запознаат со начинот на работа.
Од раководството на фабриката беше посочено дека од приватизацијата на Комбинатот за гипс и гипсени префабрикати „Радика“ во 1997 година досега инвестирани се 46 милиони евра. – Се работи со најсовремена технологија, а вработени се 132 работника. Дебарската е една од 150-те фабрики на „Кнауф“ во светот во кои се вработени над 23 илјади работници. Наш прв приоритет е безбедноста на вработените, модернизацијата на технолошкиот процес и заштитата на животната средина и затоа секоја година инвестираме во таа насока, беше истакнато од страна на раководството на фабриката.
Во однос на животната средина беше посочено дека се е според светските стандарди што е потврдено и од соодветни инспекциски служби.
Отворениот ден, што е традиција во фабриките на „Кануф“, беше организиран за првпат во Дебар.