Позитивните трендови во градежништвото се очекува да продолжи и во наредниот период. Поддршката со владините мерки и активности како и во претходниот период ќе продолжи и годинава со средства од буџетот за капитални проекти, но и со проектот „Купи куќа, купи стан“ што ќе обезбеди работа за градежните компании, кои, исто така, очекуваат да продолжи растот во градежниот сектор.
Ова беше истакнато од страна на вицепремиерот Зоран Ставревски на отворањето на 12. Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 5. Саем за недвижности и инвестиции што од денеска до 7 март се одржува на Скопски саем и кој на едно место ги собира сите оние што се поврзани со градежништвото.
– Тоа значи дека постигнавме да ги приближиме становите до можностите на граѓаните и нивно учество во проектот кој влијаеше и во насока на намалување на каматните стапки на банките за над 3 проценти, што значи помали трошоци за граѓаните и поголема продажба на становите. Сето тоа е во корист на граѓаните бидејќи успеваат да дојдат до сопствен дом, – истакна министерот за финансии.
Претседателот на Градежна комора при ССК Роберт Хот истакна дека градежништвото во изминатите години беше двигател на македонската економија, а сите започнати проекти потврдуваат дека и во иднина таа тенденција ќе продоложи и растот ќе се зголемува.