Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Националната галерија на Македонија – објект Мала станица, го најавија отворањето на Годишната изложба на ДЛУМ. Таа ќе се одржи вечер, (4 декември), со почеток во 20 часот.
Традиционалната изложба се организира по 62 пат, а на неа ќе бидат претставени дела на 70 автори-членови на Друштвото.
Уметничкиот Совет на ДЛУМ по повод ревијалната „Годишна изложба“, на отворањето ќе додели признанија од областа на ликовната уметност, од кои најзначајни се наградите „Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура.