Во рамките на проектот „Градот Убав“ ќе се реализира првата отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст. Галеријата ќе се отвори во недела, 17 јуни во 20:00 часот во сутеренот на ГТЦ (автобуската станица).
Иницијатор на овој настан е архитектот Филип Конески, основач на Марх, нет простор посветен на промоција на македонската архитектураа. Организатори се Младинскиот културен центар, Град Скопје и ГТЦ.
Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).