Биеналето на македонската архитектура – БИМАС е двонеделна манифестација во
организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).
XIX Биенале на македонската архитектура, тема: BAUKULTUR ќе се одржи од 13 до 27 септември 2018. Свеченото отварање и изложбата на македонските архитекти на која се презентира двогодишното творештво (реализации и проекти) изложено во шест категории е во четврток, 13 септември 2018 во Музеј на град Скопје во 20 часот.