По тригодишни подготовки од идниот месец почнува да се решава најголемиот еколошки проблем во Европа – складиштето за радиоактивен отпад во Винча, близу до Белград, пишува белградскиот весник „Вечерње новости“, истакнувајќи дека во градската управа пристигнале пет предлози за државно-приватно партнерство.
Отворањето на понудите ќе се одржи на 13 јули и тогаш ќе стане јасно која странска фирма ќе го санира и затвори складиштето.
Отпадот ќе биде претворен во електрична и топлинска енергија.
Градоначалникот на Белград Синиша Мали наведе дека новите капацитети ќе произведуваат околу 30 мегавати електрична енергија или 100 мегавати топлинска енергија.
Вкупната вредност на инвестицијата за складиштето е 300 милиони евра, а сумата ќе биде обезбедена од приватен партнер.
Новите капацитети ќе го зголемат производството на електрична и топлинска енергија.
Договорот за државно-приватно партнерство е таков, што во следните 20-25 години објектот ќе остане во сопственост на градот. Компанијата што ќе биде партнер ќе управува со складиштето само на определено време.