Истражувачи од Шпанија успеале да го претворат отпадниот материјал од стеблото на портокал во материјал за звучна изолација со високи перформанси. Новиот материјал е многу поеколошки за производство и подобар е во поглед на звучната изолација во споредба со конвенционалните материјали.
„Механичките особини на новите плочи се подобри од механичките особини на гипсените плочи. Тоа значи дека со иста дебелина на изолација се добиваат многу подобри изолациони својства“, вели доктор Hesus Alba, истражувач од Политехничкиот универзитет во Валенсија (Universitat Politècnica de València)
Доктор Alba, исто така вели дека новите плочи за звучна изолација ги исполнуваат целите на европската истражувачка програмa Horizon 2020, која е фкусирана на замена на материјалите што негативно влијаат врз животната средина со природни или рециклирани материјали. Истражувањето е објавено во стручното списание Construction and Building Materials.