Насловна / Екологија / Отпадот од производството на виски би можел да се користи како биогориво?

Отпадот од производството на виски би можел да се користи како биогориво?

maxresdefault
Шкотската компанија Celtic Renewables Ltd ја истражува можноста за користење на отпадот што настанува при производството на виски како нова генерација на биогориво. За подготовка на виски потребни се три состојки: вода, квасец и житарки. Но, само 10% од вкупната маса на суровините останува во алкохолниот пијалак. Остатокот се претвора во отпад во текот на дестилацијата и најчесто завршува како сточна храна. Celtic Renewables Ltd настојува да го искористи овој отпад за производство на биобутанол, односно ново биогориво. Овој процес ќе влијае на намалувањето на емисиите на стакленички гасови, како и на намалување на потрошувачката на нафта, односно ќе гарантира доволна количина биогориво за руралните подрачја каде цвета индустријата за производство на виски.

Испрати коментар

Scroll To Top