Насловна / Вести / Откриено наоѓалиште на фосили старо 140 милиони години

Откриено наоѓалиште на фосили старо 140 милиони години

Во Аргентина, е откриена најголемата и најразновидна колекција на фосилни остатоци од периодот на Јура на површина од 60.000 квадратни километри.
На локацијата се пронајдени фосилни остатоци од растенија и животни стари меѓу 140 и 160 милиони години, а фосилите се пронајдени како резултат на ерозија на почвата, пишува „Дејли мејл“.patagonija fosili (2)
Меѓу фосилните остатоци се пронајдени и мекотели, што е многу ретко во овие локации.
Локалитетот се наоѓа во Патагонија.
„Ниту едно друго место во светот не содржи толку различни фосили од Јура“, вели Хуан Гарсија Масини, геолог од Регионалниот центар за научни истражувања.patagonija fosili (3)
Тој истакнува дека пронајдените фосили даваат фантастична увид во тоа како светот изгледал во тоа време.
На оваа локација, фосилите се одлично сочувани. Пронајдени се, исто така, и остатоци од цијанобактерии и зелените бактерии.

patagonija fosili
Тој додаде дека одлучувачки фактор било нивото на водите. Во тоа време имало гејзери, коишто формирале плитки базени со вода, мочуришта и бари каде што живееле различни групи на растенија, животни и микроскопски организми.

Испрати коментар

Scroll To Top