Италијанската енергетска компанија Eni тврди дека го пронашла едно од најголемите наоѓалишта на природен гас, што се наоѓа на брегот на Египет. Областа била 1450 метри под површината и опфаќала 100 квадратни километри. Според Eni, овде е можно да има резерви од 850 милијарди кубни метри гас, соопшти BBC.
Компанијата, посочува дека полето може да се претвори во едно од најголемите наоѓалишта на природен гас во светот и да ги обезбеди целосно потребите на Египет од природен гас, за многу децении.
Eni која има целосни концесионални права врз регионот, е најголемата странска енергетска компанија во Африка.Во јуни оваа година фирмата потпиша договор за истражни работи и студии за нови наоѓалишта на енергенти со египетското Министерство за нафта во вредност од 2 милијарди долари. Со ова компанијата доби зелено светло да истражува во Синај, во Суецкиот залив, по Медитеранот и во областите во делтата на реката Нил.