Финска, трета година по ред е прогласена за „најсреќна“ земја во светот. Светскиот годишен извештај го става Авганистан последен на листата на среќници.
Годишниот извештај за среќа на Обединетите нации рангира повеќе од 150 земји според тоа колку се чувствуваат среќни нивните граѓани.
Данска заврши на второ место во студијата за 2020 година, а потоа следува Швајцарија на трето, а Исланд на четврто место.
Велика Британија е на 13-то место, за две места повисоко отколку во последниот извештај, а Соединетите држави се на 18-то место, една позиција подобра од лани.
Останатите земји во првите десет се Норвешка (5-то место), Холандија (6-то место), Шведска (7-то место), Нов Зеланд (8-то место), Австрија (9-то место) и 10-то место – Луксембург.
Србија се најде на 64-то место, зад Перу на 63 и пред Боливија на 65-та.
Авганистан се наоѓа на 153-то место, со Јужен Судан (152), Зимбабве (151), Руанда (150), Централна Африканска Република (149), Танзанија (148), Боцвана (147), Јемен (146), Малави на дното на табелата. (145) и Индија (144).