Одликувањето кое го врачува RIBA, заедно со Pritzker, се смета за најпрестижна награда која еден архитект може да ја добие. Секоја година жири на Кралскиот институт на британските архитекти избира најдобри трудови простигнати на отворениот конкурс на кој можат да учествуваат архитекти од целиот свет. Оваа година наградата отишла во дури 16 земји за проекти од најразлични области, од јавни, преку станбени, индивидуални до објекти од културата. Листата од 20 проекти на кои им е доделена наградата „RIBA International Excellence“, ќе се скрати на четири, а потоа во ноември ќе биде прогласен најдобриот објект за 2018 година.
Меѓудругите станицата на метрото М4 и првата фаза на Централниот европски универзитет во Будимпешта, освојиа RIBA награда. Специјална награда за најдобар млад архитекта оваа година RIBA ја додели на бразилските архитекти Gustav Utrab и Pedro Duschenes од бирото Aleph Zero за нивниот проект Детско село во местото Formoso do Araguaia. Овој објект кој обезбедува сместување на 540 деца со посебни потреби, изграден е од дрво повторно употребено со што на заедницата и се укажува на важноста на одржливиот развој.
RIBA награда за млади архитекти
Листа на 20 најдобри објекти во 2018 година според RIBA:
1. Реконструкција на црквата во Vilanova de le Barca / AleaOlea Architecture & Landscape
2. Уметнички музеј во Audain во Канада / Patkau Architects
3. Кула BBVA Bancomer во Мексико сити / LegoRogers
4. Buendner Kunstmuseum во Хур, Швајцарија / Barozzi Veiga
5. Captain Kelly’s Cottage во Тасманија / John Wardle Architects
6. Првата фаза на Централниот европски универзитет во Будимпешта / O’Donnell + Tuomey
7. Детско село во Бразил/ Rosenbaum + Aleph Zero
8. Образовен центар Ланка во Шри Ланка / Feat Collective
9. Линија на метро станицата М4 во Будимпешта / FŐMTERV-PALATIUM-UVATERV Consortium
10. Меморијален центар Mount Herzl во Израел / Kimmel Eshkolot Architects
11. Музеј на уметноста во Нант / Stanton Williams
12. Музејj Voorlinden во Холандија / Kraaijvanger Architects
13. Џамија Sancaklar во Истанбул / EAA-Emre Arolat Architecture
14. Фондација Stavros Niarchos во Атина / Renzo Piano & Betaplan
15. Студио Dwelling во Шри Ланка/ Palinda Kannangara Architects
16. Станбена зграда Tatsumi во Токио / Hiroyuki Ito Architects
17. Музичко школо Toho Gakuen во Токио / Nikken Sekkei
18. Универзитет во Амстердам / Allford Hall Monaghan Morris
19. Вертикална шума во Милано / Boeri Studio
20. Универзитет Xiao Jing Wan во Шенцен / Foster + Partners