Веќе е познато дека некои видови примати, како што се шимпанзата, капучините и макаките, користат камења како алатки, но во Бразил сега се откриени мајмуни кои веќе 700 години живеат во каменото доба.
Откако една неодамнешна студија откри дека макаките на Тајланд повеќе од половина век користат камења како алатки, сега е потврдено дека бразилските капучини изработуваат орудија од камен веќе 700 години.
Орудието што е пронајдено, без сомнение е дело на раката на капучини, а малото длето и чекан направени од различни видови камења во Јужна Америка, докажуваат дека овие животни „живеат во камено доба“, наведува магазинот „Карент Биолоџи“.
– Сега имаме докази кои упатуваат на тоа дека мајмуните и другите примати користат разни орудија веќе стотици, а можеби и илјада години, изјави раководителот на тимот што дојде до ова откритие, Мишел Хаслам.