На над 1000 „супер- емитирачки“ локации во светот во 2022 година, во атмосферата е исфрлен метан, главно од рафинериите, а на најекстремното место загадувањето било еквивалентно на она генерирано од 67 милиони автомобили, објави The Guardian. Тоа екстремно емитување на метан од 427 тони на час, е лоцирано во близина на каспискиот брег, во Туркменистан. Местата на кои со помош на сателит се детектирани овие супер-емиери се наоѓаат во САД, Русија и Туркменистан, каде има највеќе објекти кои користат фосилни горива.
Според лондонскиот весник, во светот има 55 „метански бомби“, локации за екстракција на фосилни горива, каде се испуштаат количини на метан еквивалентни на емисиите во САД проектирани за наредните 30 години. Емисиите на метан сочинуваат 25% од глобалното затоплување, а според истражувањата на научниците од 2007 години доаѓа до нагло зголемување. Тоа би можело да биде најголема закана за одржување на глобалното затоплување под 1,5 степени Целзиусови. Со брза акција, глобалното затоплување драстично би се успорило, бидејќи метанот кратко опстојува во атмосферата. Директорот ан Меѓународната агенција за енергија Фатих Бирол, рекол дека емисиите на метан и натаму се превисоки, посебно поради фактот што намалувањето на емисиите на метан е меѓу најефтините опции за спречување на краткорочното глобално затопување.