Насловна / Вести / Откриена дрвена конструкција стара 476.000 години (ВИДЕО)

Откриена дрвена конструкција стара 476.000 години (ВИДЕО)

Бетон или челик? Не, дрвото е вистински материјал! Зошто? Ем е природен материјал, ем е обновлив, ем може да трае стотици, извинете…илјадници години!

Имено, истражувачите од Универзитетот во Ливерпул и Универзитетот Aberystwyth неодамна открија докази за најраните дрвени конструкции изградени од луѓе, и тоа пред дури 476.000 години.

2

Овој артефакт е ископан на археолошки локалитет во близина на водопадите Каламбо во Замбија.

Експертската анализа на дрвото открила траги од удари со камени алатки, што укажува на тоа дека е намерно обликувано и споено во конструкција, најверојатно во форма на темели на одредена платформа или дел од живеалиште.

Ова ископување на најстарата дрвена конструкција на светот го доведува во прашање преовладувачкото мислење дека луѓето од камено доба биле номади, објавено е во научното списание Nature.

1

Со цел да се утврди староста на дрвената конструкција, тимот користел техники на луминисценција. На овој начин, на научниците им се овозможува детално да ѕирнат во минатото.

„Ова откритие го промени начинот на кој размислувам за нашите рани предци. Заборавете на етикетата „камено доба“ и погледнете што правеле овие луѓе: направиле нешто ново и големо, и тоа од дрво“, рече професорот Larry Barham од Катедрата за археологија, класика и египтологија на Универзитетот во Ливерпул.

Тој додава дека ја користиле својата интелигенција, имагинација и вештини за да создадат нешто што досега не е видено и нешто што никогаш порано не постоело.

3

„Тие ја трансформираа својата околина за да го олеснат животот, дури и ако тоа било само изградба на платформа на која ќе седат покрај реката и ќе ги извршуваат своите секојдневни работи. Овие луѓе биле послични нас отколку што мислевме“, заклучува Barham.

Ова истражување е дел од проектот Deep Roots of Humanity, предводен од професорот Barham.

Овој проект истражува како се развивала човечката технологија за време на каменото доба и е финансиран од Советот за истражување на уметностите и хуманистичките науки на Обединетото Кралство.

Испрати коментар

Scroll To Top