Излегоа нови информации од Zaha Hadid Architects и AECOM 2022 FIFA за стадионот во Катар за Светското првенство во 2022. Изградбата ќе започне на крајот на 2014, а зданието со 40,000 седишта црпи инспирација од локален тип на рибарски брод – арапски дау.
Еден од најважните аспекти на дизајнот е тоа дека објектот содржи модуларно второ ниво, составено првенствено од одбработено дрво, кое ќе биде расклопено и испратено во мноштво земји во развој по завршувањето на првенството. Така, не само што капацитетот на Al Wakrah стадионот ќе се намали за повеќе од половина, туку и неговото „наследство“ ќе биде истакнато.
Стадионот дизајниран од Заха Хадид ќе биде само првиот од шесте вкупно изградени за Светското првенство во 2022. Тој ќе се наоѓа во една од најстаро населените области во Катар, историски пристанишен град, лоциран на околу 15 километри јужно од Доха.