Насловна / Вести / Откриен нов лесен материјал, појак од челикот

Откриен нов лесен материјал, појак од челикот

Користејќи нов процес на полимеризација, хемиските инженери од MIT, создале материјал кој е појак од челикот и лесен како пластика, кој лесно може да се произведува во големи количини. Новиот материјал е дводимензионален полимер, за разлика од останатите полимери кои формираат еднодимензионални ланци. Ваквиот материјал би можел да се употребува во автомобилската индустрија и кај мобилните телефони, за премачкување на површините со тенок филм. Истражувачите поднеле барање за два патенти поврзани со процесот на изработка на овој материјал, кој го опишуваат во трудот објавен во списанието Nature.

2dpolymers

2dPolymer2

Модулот на еластичност на овој материјал е од 4 до 6 пати поголем од оној на стаклото отпорно на куршуми. Исто така, откриле дека неговата затегачка цврстина е двојно поголема од онаа на челикот. Притоа, материјалот има само една шестина од густиината на челикот. Уште една важна карактеристика е непропустливоста на гасови. Додека другите полимери се состојат од ланци кои имаат празнини помеѓу нив, новата структура е направена од мономери кои цврсто се споени како LEGO коцки, па гасовите не можат да минат помеѓу нив.

2dpolymer3

2dpplymer4

 

Испрати коментар

Scroll To Top