Во античкиот град Zeugma, кој денес е лоциран на територија на северниот дел од Турција, се пронајдени остатоци од мозаик кој датира од втори век пред нашата ера. Градот Zeugma претставувал еден од најглавните центри на источно римско царство, а археолошки интерес за него се пројавил по 2007 година кога целиот овој простор бил поплавен.
По извршеното истражување, освен пронајдените вредни остатоци и преку 2.000 куќи во добра состојба, најважното откритие претставува мозаикот, што е стар 2.200 години и денес се наоѓа во одлична состојба со оглед на неговото датирање. Планот на археолозите е да се конзервира мозаикот и да се постави трем кој ќе го заштитува.