Архитектонските студија Foster+Partners, Arup и Page&Turnbull објавија како ќе изгледаат првите четири станици од калифорниската брза железница, која ќе биде пионерски проект за брза железница во САД. Foster+Partners и Arup работеле на дизајн на станиците кои ќе го поврзуваат Сан Диего со Сакраменто, опфаќајќи повеќе градови измеѓу. Првата фаза на проектот ја опфаќа тутата од Сан Франциско до Лос Анџелес, а дизајнот на станиците е базиран на архитектонски јазик која ја рефлектира одржливоста на целокупниот проект и има карактеристични висечки настрешници.
На објавените рендери се гледа надворешниот и внатрешниот изглед на секоја станица прекриена со металик бронзени или бели елементи, интегрирани со решеткасти дрвени и камени ѕидови, масивни столбови и покриви. Станицата во Фресно ќе има пешачки мост кој ги поврзува кинескиот кварт и центарот, но таму е и историското депо за чија реставрација е задолжена фирмата Page&Turnbull. Ова депо изградено во 1872 година, е зграда со конструкција од црвена тула и куполи од шкрилци. Дел е од Националниот регистар на историски места. Плановите на Page&Turnbull вклучуваат доведување на зградата во согласност со современите безбедносни, противпожарни, конструктивни и сеизмички стандарди, правејќи ја модерен транспортен центар.
Линијата на Централната долина, ќе ги поврзува Сан Франциско и Лос Анџелес за помалку од три часа. Вкупно се планирани 24 станици за пошироката мрежа на калифорниската брза пруга. Изведбените работи с евеќе во тек, а линијата ќе биде во функција од 2030 година.