Насловна / Арт и дизајн / Откриен цртеж на Микеланџело од неговата рана младост

Откриен цртеж на Микеланџело од неговата рана младост

Британскиот историчар на уметност Тимоти Клифорд идентификувал сочуван цртеж на големиот ренесансен уметник Микеланџело Буонароти од неговата рана младост, пренесува порталот Artsy.
Цртежот направен со молив и мастило прикажува фигура на човек кој седи на нешто налик на трон, облечен во тога, а во раката држи железо.
Клифорд смета дека делото настанало во 1487. година, кога Микеланџело имал 12 или 13 години.
„Ова е најрано познато дело на Микеланџело, а настанало година или две пред било кое друго негово дело за кое знаеме, што го прави особено фасцинантно“, изјави британскиот историчар.
Цртежот со наслов „Човек што седи“ (The Seated Man) е во сопственост на анонимен британски колекционер, кој го купил во една француска аукциска куќа во 1989 година. Тогаш е припишан на неидентификуван уметник.

микелан
Бидејќи друг историчар на уметност, Мајкл Чепел, „сфатил” дека тоа би можело да биде дело на Микеланџело, колекционерот контактирал со Клифорд.
Цртежот во моментов е изложен во Музејот на убави уметности во Будимпешта на изложба на италијанскиот цртеж од 16. век под наслов „Triumph of the Body: Michelangelo and Sixteen-Century Italian Draughtsmanship”.
Во каталогот издаден по повод изложбата, Пол Џоанидс кој ги проучува делата на Микеланџело, го потврдил откритието на Клифорд, а кустосот на изложбата Золтан Карпати смета дека е вистинска среќа што цртежот е сочуван, со оглед на тоа дека Микеланџело уништил голем број свои дела.
„Непосредно пред смртта Микеланџело запалил голем број свои цртежи, скици и карикатури, настојувајќи да спречи било кој да добие увид во неговиот развоен пат, а се поради страв дека јавноста неговите дела би можела да ги доживее како несовршени“, изјави историчарот Васари.

Испрати коментар

Scroll To Top