Вредноста на платформата X паднала за 71% откако оваа социјална мрежа ја купи американскиот милијардер Илон Маск и го смени името на дотогашниот Twitter. Се проценува дека сега вредноста на платформата изнесува 12,5 милијарди долари. Бројот ан месечни корисници опаднал за 15% во текот на првата година од Масковото превземање, поради загриженоста од порастот ан говорот на омраза на платформата. Исто така, најмалку 50% од вработените биле отпуштени.
Во септември минатата година, европската унија му издала предупредување на Маск, по откритието дека X има најголем број објавени дезинформации од сите големи платформи на социјалните мрежи. Маск врати на платформата X, повеќе корисници на кои претходно им бил забранет пристапот, меѓу кои и на американскиот претседател Доналд Трамп.