Компанијата „Отис“, чиишто лифтови се инсталирани и во највисоката зграда во светот „Бурџ Калифа“ со висина од 828 метри, ќе гради облакодер во Шангај од 270 метри, кој ќе се користи за тестирање на нови технолошки решенија за лифтови. Тоа ќе биде највисоката зграда во светот која ќе се користи во таква цел.
Така, еден од најголемите светски производители на лифтови во светот ќе изгради кула во Шангај, во која никој нема да живее.
Нивната лифтови се познати во целиот свет а во нашиот регион се користат во подобро опремените објекти.
На нивната референтна листа, покрај „Бурџ Калифа“, се наоѓаат финансискиот центар „Пинг Ан“ со висина од 599 метри и Светската кула Лоте во Сеул, која е висока 555 метри како и многу бројни високи згради.
Компанијата „Отис“ е основана во 19 век од страна на инженерот и пронаоѓач на безбедни лифтови Елиша Грејвс Отис. Тој бил инженер кој сакал да измисли систем за автоматско кочење. Тоа и го направил, прв во светот. Кога го демонстрирал изумот, тој бил дел од експериментот во кој се качил на платформа која била пуштена, но неговата кочница го задржала.
Денес оваа фирма одржува два милиони лифтови и ескалатори низ целиот свет.