На седницата на Градското собрание на Загреб, Генералниот урбанистички план за градот (ГУП) е одбиен. Прво паднаа сите амандмани на ХДЗ, а потоа се пристапи на гласање за ГУП-от. 18 пратеници гласаа за, а 31 против ГУП-от, што значи Измените и доплните на ГУП-от не беа прифатени.
Откако ГУП-от на Бандиќ падна со тоа што прво се отфрлија амндманите на ХДЗ од страна на пратениците и потоа со гласањето на ХДЗ (неговиот коалициски партнер) против ГУП-от, пратениците од опозицијата кои предложија референдум за документот ја повлекоа таа точка од дневниот ред која следуваше по гласањето за ГУП-от, пишува index.hr.
На ова гласање му предходеа низа активности, работа и стручни анализи и образложенија од екепертите во Хрватска. Меѓу најактивните беше Друштвото на архитекти на Загреб (ДАЗ), кое покажа како се делува стручно, кога е здружението колектив на експерти, кој повеќе работи, а помалку зборува и за разлика од кај нас, не изразува личен став, туку заеднички, синхронизиран и единствен став на сите оние кои се членови на ДАЗ.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме ставот на Друштвото на архитекти на Загреб – ДАЗ.
Друштвото на архитекти од Загреб (ДАЗ), во соработка со пет институции од областа на архитектурата и урбанизмот (Хрватска комора на архитекти, Здружение на хрватски архитекти, Архитектонски факултет, Свеучилиште во Загреб, Здружение на хрватски урбанисти, Хрватско друштво на пејзажни архитекти и Друштво на историчари на уметност на Хрватска) континуирано спроведуваше стручна валоризација и јавно настапуваше со детално, стручно образложени и непобитни ставови околу темите за загребскиот ГУП.
Потсетуваме дека токму ДАЗ започна јавна и стручна расправа за овие теми со трибина за „Загребскиот Менхетен“ и јавно излагање на белградскиот пример „Белград на Сава“ во март 2019 година, пред сите други јавни и стручни разговори. Продолживме анализирајќи ги првите достапни скици на тогаш сеуште недефинираниот инвеститор од Дубаи, пишувајќи Отворено писмо до Градот Загреб за планската неприфатливост во април 2019 година, кое и лично го пренесовме на состанокот со градоначалникот на Град Загреб на крајот на април 2019 година. Со новото Отворено писмо во јуни 2019 година и Јавното истапување во јули 2019 година за Измените на ГУП-от, ги посочивме сите неприфатливи елементи на такви измени на Планот што беше потврдено и од Министерството за градежништво, и ги донесе Измените и доплните на ГУП Загреб до повторна јавна расправа.
Реагиравме и на објавата за нелегален натпревар за просторот „Загребски Менхетен“ на Arch Daily, и ги повикавме Министерството за култура и Министерството за животна средина и енергетика да укажат на неускладеноста на Измените и доплните во ГУП-от. Со најавата за повторно отворање на јавна расправа за ГУП за Загреб, заеднички забележавме на почетокот на јули 2019 година, дека повторно има недостатоци и ги поканивме сите колеги да учествуваат во дебатата. На јавната расправа кон средината на август 2019 година, детално и стручно ги образложивме и доставивме 15 неоспорни забелешки, а заеднички во почетокот на септември 2019 година, во согласност со Законот, го поканивме Градот Загреб да достави Извештај од јавната расправа, така и понатаму продолжуваме интензивно да работиме на оваа тема. Во октомври излеговме во јавноста со Предлог решение за ГУП, потребата да се комплетираат започнатите Измени и дополни само во согласност со процедура и стручно образложени урбанистички принципи, и повикуваме на изработка на Нов ГУП темелен на нови стручни подлоги. Во октомври 2019 година до Министерството за градежништво и просторно планирање ја доставивме целата наша стручна коресподенција и размислувања доставивме сите наши професионални преписки и размислувања за Изменте и допоните за ГУП, а по побараната и накнадно добиена согласност од Министерствата за ИД – ГУП, се обративме на јавноста на прес-конференција на 22.11.2019 година.
Откако во февруари 2020 година, членовите на Градското собрание на Загреб поднесоа низа амандмани на Конечниот предлог за измени и дополнина ГУП-от, заедно со останатите организации, направивме детална анализа на сите амандмани и заклучивме дека станува збор за досега невиден обид за промена на планското решение, користејќи го инструментот на амандман. Последниот чекор беше отворено писмо што му го испративме на премиерот Пленковиќ во кое бараме просторното планирање да се врати на експерти и да им се овозможи со своето знаење и работа, со вистинска, а не само формална, партиципација на јавноста, го обликуваат и заштитат просторот на нашата земја во интерес на луќето кој живеат во него.
Сите овие активности на ДАЗ и останатите екеперти вродија со плод: послушана е струката и Измените и доплните на ГУП-от се отфрлени!