Насловна / Вести / Осветување на камен-темелникот на крстилницата во црквата Св. Јован Крстител во Аеродром

Осветување на камен-темелникот на крстилницата во црквата Св. Јован Крстител во Аеродром

Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во присуство на ктиторот – семејството Чифлиганец и голем број верници, со света Архиерејска литургија и свечена церемонија, денеска ги освети темелите на новата крстилница во црквата Свети Јован Крстител, во Паркот со авион, на кејот на реката Вардар, во општина Аеродром, Скопје.

DSC_0080

Со крстилницата, што ќе се гради со донација на Македонската Православна Црква и градежната компанија Адора инженеринг, ќе биде заокружена архитектонската и религиозна целина на православниот храм, во чиј комплекс има камбанарија и фонтана. Крстилницата што во стилот на црковниот храм ќе се гради на површина од 130 м² со повеќе простории и ќе има продажба на сувенири, икони и свеќи, ќе овозможи достоинствено изведување на свечениот чин на крштевањето на верниците според православните христијански обичаи.

Според Архиепископот Охридски и Македонски токму на празникот Свети Јован Крстител, истоимената црква во општина Аеродром доби најубав дар-крстилница, со што уште еднаш се потврди градителската и хумана мисија на д-р Чифлиганец, под чие ктирорство црквата Свети Јован Крстител во Ново Лисиче беше изградена и осветена во 2014 година.

DSC_0058

Ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец потенцира дека е горд што со МПЦ и тимот на Адора инженеринг ќе градат крстилница како простор за светиот чин  крштевање и примање на христијанската православна вера токму во општина Аеродром, каде компанијата има изградено 1.500 станови и вдомено толку семејства. Генералниот директор на Адора инженеринг, д-р Чифлиганец порача дека целта на оваа мисија е да се зголеми христијанското семејство со нови верници сплотени и обединети со верба во Бога, со единство, меѓусебна љубов, почит и толеранција со другите вероисповеди, кога тоа ни е најпотребно, во ова неизвесно и ризично време во кое живееме.

Испрати коментар

Scroll To Top