Доколку не сте љубители на зимските температури и снегот, ви предлагаме осум места совршени за вас и за одмор за време на празниците. Овие понуди се сметаат за едни од најдобрите места, каде што можете да уживате во сонцето, во ладни пијалаци и лесна гардероба. Не постои подобро време од овој период кога нема големи гужви, за посета и уживање во убавините и раскошот на овие места. Уживајте…
Niyama Maldives – ова луксузно одморалиште во Малдиви е опишано како „откачено и забавно“. Совршено место за вас ако сакате да правите нешто повеќе освен лежење на плажа.
Gaya Island Resort, „еко- шик“ одморалиште на малезискиот остров Pulau Gaya. Опкружено со златни песочни плажи, камени заливи и корални гребени. Оаза за летање, совршена за сите вас кои ве „мачи“ студеното време.
One&Only Ocean Club претставува амбиент на класична колонијална плантажа, опкружена со километри нежни песочни плажи. Луксузно одморалиште на Бахами, кое е познато по своите гости, кои се членови на светскиот џет-сет.
Viceroy Anguilla на Карибите, се наоѓа на 35 хектари бујно земјиште со голема плажа. Посетителите можат да комбинираат уживање во сонце и релаксација со разновидни понуди, акции и авантури, кои ги нуди одмаралиштето.
За оние што сакаат „парти“ атмосфера и сонце, Miami Shore Club во South Beach, Мајами е совршена локација. Ова одморалиште ви нуди голем број на забави, настани, и веројатно ќе сретнете некои од познатите личности.
Turtle Inn е рајот. Се наоѓа во Белизе, на северно-источниот брег во Централна Америка, и претставува „еко- шик“ сместување со фасцинантни погледи кон морето. Таму се ужива во нуркање, „Големиот Гребен“, или едноставно се релаксирате во еден од „infinity“ базените или на една од прекрасните бели песочни плажи.
Аsia Gardens Hotel & Spa Тhai Spa е уникатен концепт на модерната технологија со моќен изглед на индиските и тајландски палати. Ова место ќе ве однесе во друг свет, во кој мистичната Азија се сретнува со сончевиот Медитеран.
Dar Jaguar е средновековна локација, реставрирана во приватно сместување кое ви го одзема здивот. Се наоѓа во срцето на стара Медина во Маракеш, и во близина на познатиот плоштад Jemaa ел Fna. Совршено сместување за долг одмор, но и за викенд посети.