Во тесниот избор за реновирање и адаптирање на дел од шпанската музеј Прада, влегле осум финалисти, објавија шпанските медиуми.
Од 47-те компании и архитектонски бироа, кои се пријавиле на тендерот за реновирање на музеолошки простор Salon de Reinos (Сала на кралевите на кралската палата Buen Retiro) изборот е сведен на осум. Меѓу нив се и архитектонските бироа на дури три добитници на Прицкеровата награда за архитектура – Норман Фостер, Едуардо Соуто де Моура и Рем Колхас.
Вкупните трошоци на реконструкција и адаптација се проценуваат на 30 милиони евра, а работата треба да биде завршени до одбележувањето на 200-годишнината на музејот, која се навршува во 2019 година.
Адаптација вклучува проширување на дел од музејот со 2500 квадратни метри, за да се обезбеди повеќе изложбен простор.
Salon de Reinos официјално е приклучен на Прада во октомври 2015 година и е дел од кралската палата Buen Retiro, каде што до неодамна бил Музејот на оружје.