Островот Маргит е речен остров во Будимпешта сред водите на Дунав. Се наоѓа помеѓу Будим и Пешта, лежи меѓу мостовите Маргарет (југ) и Арпад (север), а неговата должина изнесува 2,5 километри.
На островот има многу паркови и популарни рекреативни центри. Островот Маргитсигет е уште еден зелен парк во Будимпешта без поголеми згради освен неколку хотели.
На овој бисер на унгарската престолнина може да се најде за секого по нешто – базен, воден парк Палатинус, патека за трчање, музичка фонтана, простор за рекреација каде што може да се пешачи, вози велосипед, ролери или едноставно да се ужива на клупа.
Најпознати објекти на островот се: споменикот „Век“, кој одбележува сто години од обединивањето на Будим и Пешта; јапонска градина со термален рибник; мала зоолошка градина со егзотични водопади; музичка фонтана со светлосни ефекти од која што свири класична музика; осумаголна водокула висока 57 метри.
Музичката фонтана и водокулата се дел од светското културно наследство на УНЕСКО. На островот се наоѓаат и многубројни спортски објекти.
До 16 век на островот доминирале женски манастири и цркви. За време на османлиските војни монасите и монахињите избегале, а објектите биле уништени. Во 18 век островот е избран да биде одморалиште, а прогласена е за јавна градина во 1908 година.
Од 1980-тите, влезот со автомобили е ограничен; дозволено е влез само на една автобуска линија и такси и услужен сообраќај за локалните продавници и ресторани. На северниот крај на островот има паркинг за автомобилите на гостите на хотелот.