Островот Крк во Хрватска, стана второ во светот со титула „остров без отпад“ (zero waste island). Првиот остров на светот кој се стекна со ваков статус е грчкиот остров Тилос. Седум општини од островот Крк, го добиле престижниот Zero Waste сертификат, кој се доделува на најуспешните градови и општини во Европа, соопштила организацијата Zero Waste Europe. Оваа организација им доделува Zero Waste сертификат на градовите како признание за исклучителни достигнувања во одржливото управување со отпадот.
Крк станува кандидат за добивање на овој сертификат уште во 2021 година. Тогаш општините од овој остров се обврзале дека во наредните пет години ќе направат анализа на составот ан мешовитиот комунален отпад со цел да ги дефинираат чекорите за намалување на отпадот, воведување на систем на наплата според количината на отпад, стимулирање на навики кои ќе генерираат помалку отпад, како и зголемување на примерите на повторна употреба на производите. Исто така, тие се обврзале и да формираат Стручен совет за управување со отпадот, и да направат промоција на компостирањето кај домаќинствата. Конечниот суд за успешноста, го дале ревизорите од програмата Mission Zero Academy (MiZA).
Имплементацијата на процесот на управување со отпад ускладен со сертификатот е базирана на веќе успешниот систем за собирање и одлагање на отпадот. Zero Waste Europe истакнува дека има простор и за понатамошен напредок, бидејќи Крк го постигнал првото од вкупно пет нивоа во склоп на Zero Waste сертификатот. И покрај значајните предизвици, особено притисокот од туризмот во летните месеци, општините на Крк оствариле 58% повеќе одвоено собирање на отпадот и 22% помалку мешан отпад по глава на жител во споредба со националниот просек. Исто така, тие спровеле и бројни едукативни и други мерки со цел намалување на генерирањето на отпад и ја изградиле неопходната инфраструктура за ефикасно локално управување со отпадот – постројка за сортирање, постројка за компостирање и седум центри за рециклирање.