Само еден од малите островчиња на Њујорк е забранет за посетители. Се работи за островот кој првично се нарекувал Белмонт, но во 1977 го носи називот U Thant, и има значајна историја. Островот настанал во 1892 како последица од копањето на тунелот кој требало да ги поврзува Квинс и Менхетн.
Поради непосредната близина на зградата на Обединетите Нации, со децении овој остров бил под строга контрола на надлежните, а денес е целосно затворено за посетители, меѓу другото и поради ретките птици преселници. Тунелот кој бил ископан пред повеќе од 100 години, денес се користи за потребите на метрото.