На терасата на хотел Аполонија во Гевгелија вечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложба и ќе бидат доделени награди на учесниците на „Остен Биенале на наградени автори 2015“.
Тоа е биенална меѓународна манифестација која се одржува во непарните години и е дел од концептот на Светската галерија на цртеж.
Централен настан е Програмата за престој на уметници е ЗЛАТЕН ОСТЕН, изложбата на делата продуцирани во рамките на Програмата и доделувањето на наградите.
На утрешната изложба ќе бидат изложени дела на уметниците кои учествуваа во годинашната Програма за престој на уметници „Златен Остен“, која се одржува во хотелот „Аполонија“ од 7 септември до утре.
Помеѓу годинашните уметници-учесници на „Остен Биенале на наградени автори“ се: Стоимен Стоилов и Венцеслав Андонов од Бугарија, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Игор Јосифов, Невзат Бејтули, Атанас Атанасоски и други.
Традиционално, „Остен Биенале на наградени автори“ се одржува во соработка со Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија.