Основачот и претседател на Discovery Communications, медиум специјализиран за non – fiction забавни содржини, John Hendricks, го продава својот огромен ранч во Колорадо за 149 милиони долари. Доколку на продажбата навистина се постигне оваа цена, тогаш тоа би бил рекорд во регионот.
Ранчот с епротега на површина од 7000 хектари, а опкружен е со црвено обоени кањони. Главната резиденција на ранчот има над 2000 m2, осум спални и осум бањи. Има уметничко студио, кино, теретана и други содржини.
Семејството Hendricks го купила ранчот West Creek во 1995 година, а со текот на времето ги докупувале и соседните парцели со цел да создаат единствена целина за заштита на дивите животни и природните живеалишта на животните на тој дел.
На имотот не смее да се градат нови улици или објекти, но затоа има извонредни услови за планинарење, риболов и сл. Убав пример за одговорен однос кон животната средина.