Од 19 до 22 јануари 2015-та во Абу Даби ќе се одржи осмиот по ред светски самит за енергија (World Future Energy Summit), посветен на обновливите извори, чистите технологии и енергетската ефикасност. Се очекува на овој самит да учествуваат над 30.000 делегати од 170 земји. Домаќин на самитот е компанијата „Masdar“.
Компаниите ќе ги претстават своите проекти од областа на енергетската ефикасност, одржливиот развој и иновации од разни области. Ќе биде организирана и размена на идеи и практики од областа на алтернативните извори.
Заедно со овој настан, во рамките на неделата на одржливост на Абу Даби (Abu Dhabi Sustainability Week), од 17 до 24 јануари ќе се одржат уште две манифестации: Меѓународен самит за водите (International Water Summit) и EcoWASTE.