Насловна / Архитектура / Осло по мерка на човекот – но, за некои градови е предоцна да се оди по овој пат

Осло по мерка на човекот – но, за некои градови е предоцна да се оди по овој пат

Многу прашина се крева секој пат кога некој град „ќе се спушти на вода“, било да е тоа река, како во случајот со Белград, Билбао или Лондон, или канали, како во Манчестер, или море, како во случајот во близина на Барселона или Осло, или кога реката ќе се игнорира како на локацијата спроти Холидеј Ин во Скопје

Стари индустриски погони, кранови и пристаништа исчезнуваат, се уриваат хангари, а се поставува прашањето – што наместо тоа? Можеби најхармоничното решение го нашле во Осло.

3_resize

Квартот Aker Brygge е еден од најдобрите примери за тоа што може да се направи со деиндустријализираниот дел од центарот на градот – односно, дека не е неопходно да се прави „Дубаи“ на секое место што ќе се појави, бидејќи, како што знаеме, Дубаи и не е познат како град по мерка на човекот.

02_resize

Црвена тула како заштитен знак

Некогаш постоела само зграда од црвена тула со препознатлив скандинавски облик (фасада во облик на „голема куќа“), која служела како хангар (и денес е „заштитен знак“ на квартот), како и уште една правоаголна зграда, исто така од црвени тули, помалку впечатлива и подеднакво користена како хангар.

4_resize

Останатото било во служба на пристаништето и бродоградилиштето. Имено, Aker Brygge се наоѓа во простор на поранешно бродоградилиште на механичката работилница на Aker, која е затворена во 1982 година.

2_resize

Пред да биде овде основана работилницата во 1854 година, областа се викала Holmen. Било место каде се основани индустриски компании и во раните 1800-ти израснало во приградската населба. Пристаништето е иселено, како и бродоградилиштето, а после почнала гентрификација и Осло почнало да „се спушта на вода“.

1_resize

Развојот на Aker Brygge е спроведен во четири фази од страна на компанијата за недвижности Aker Eyendom AS. Одреден број стари индустриски објекти се срушени, а неколку големи хали претворени се во деловни простори.

Првата фаза од изградбата е завршена во 1986 година со архитектонското биро Telje-Torp-Aasen. Четвртата и последна фаза од изградбата, т.е. новата зграда на осигурителната компанија Storebrand завршена е во 1998 година.

7_resize

10_resize

Денес Norwegian Property е најголемиот сопственик на Aker Brygge и реновирал големи делови од зградите и отворените површини за повеќе од две милијарди норвешки круни (одземете една нула за евра) помеѓу 2010 и 2015 година.

Според Dagens Næringsliv, од средината на 1980-тите се смета за најдобар – и најскап – деловен и станбен кварт во Норвешка. Денес, околу 6.000 луѓе работат во Aker Brygge и околу 900 луѓе овде имаат свои домови во 400 станбени единици.

5_resize

6_resize

Празен простор на ексклузивна локација

Што е толку посебно за Aker Brygge? Па, фактот што Норвежаните – кои се богати од неодамна, за разлика од Швеѓаните и Данците, кои се богати одамна и имаат богата стара архитектонска традиција – забележале дека имаат „празен простор“ на ексклузивна локација и решиле да го „населат“ со нови згради во современ стил, но со реминисценции на стариот скандинавски стил, секаде каде што тоа е можно.

11_resize

Бројните згради имаат само „скелети“ од челик и стакло, а фасадите се, секаде каде што било можно – од црвени, груби тули со темни нијанси. Новите згради ја почитуваат катноста на првобитните згради, и ниту една нова не „штрчи“- во пракса тоа значи од 6 до 8 ката.

8_resize

Стаклото, терасите и широките прозорци внесуваат многу светлина во домовите во град кој не е познат по многу сонце, па така, да не се заклони небото и сонцето овде е од круцијално значење.  Колку што било можно, становите и деловните простории се свртени кон водата – шеталиштето на брегот и каналите.

Плоштадите формирани во внатрешноста имаат класичен облик на стари градски плоштади, но со современа архитектура, која понекогаш ја поддржува старата норвешка во трагите, а понекогаш смело чекори напред во модерноста и прави линии.

9_resize

Гентрификација за пример

Сè на сè, „Осло на вода“ е еден пример за тоа како гентрификацијата може да се изврши на вистински начин, со малку повеќе имагинација, повеќе вложување во квалитетни и проекти што не се конфекциски, притоа почитувајќи ги катноста и традициите.

Тоа е се она на што сите треба да се угледат кога се занимаваат со вакви урбани интервенции во градските ткива.

12_resize

Доказ? Ова е најживиот дел од градот и е полн со туристи, кои со еднаков жар го посетуваат Aker Brygge, како и стариот центар на градот од времето кога Осло се викал Кристијанија. За некои градови е предоцна да се оди по овој пат.

13_resize

15_resize

17_resize

14_resize

16_resize

Испрати коментар

Scroll To Top