Насловна / Вести / Осло: Градските власти нудат по 1200 долари за купување електричен карго велосипед

Осло: Градските власти нудат по 1200 долари за купување електричен карго велосипед

Norveska elektricen kargo velosiped1

Градот Осло им нуди на своите жители по 1200 долари субвенции доколку се одлучат за купување на електричен велосипед. На ваков потег властите се одлучиле поради покаченото ниво на загадување на воздухот, а со цел намалување на зависноста од автомобилите и промовирање на начин на превоз кој не загадува. Идејата е да се купуваат електрични  карго велосипеди кои обезбедуваат и простор за помал товар, главно намирници од пазар и други лични работи кои граѓаните вообичаено ги сместуваат во гепекот од автомобилот.

Norveska elektricen kargo velosiped

Со оглед на фактот дека цените на електричните велосипеди се движат од 2500 до 6400 долари, бонусот ќе покрие 25 до 50% од вкупните трошоци.  Норвешка издвои импресивни една милијарда долари за велосипедизмот, вклучувајќи и нови патеки за велосипеди. Во склоп на промоцијата на велосипедизмот и намалување на загадувањето на воздухот, Осло привремено го забрани сообраќајот за дизел возилата, а крајната цел е дизел возилата да се тргнат целосно до 2019 година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top