Насловна / Вести / Осло е прогласен за зелена престолнина на Европа за 2019 година

Осло е прогласен за зелена престолнина на Европа за 2019 година

Главниот град на Норвешка, Осло, стана зелена престолнина на Европа за 2019 година, првенствено поради настојувањата да ги намали емисиите на штетни гасови од сообраќајот, преку стимулирање на употребата на електрични возила и велосипеди.  Понатаму, меѓу причините за овогодишната награда на Осло му се припишуваат и заложбите за зачувување на природата, обновата на мрежата водни патишта, и сл. Осло има план да ги намали емисиите на стакленички гасови за 50% до 2020 година споредено со 1990 година.

Oslo2

Oslo3

Во 2016 година Осло воведе т.н „климатски буџет“ , во кој се регистрира секоја емисија на стакленички гасови. Истовремено, воопшто не е изненадување што една третина од возниот парк во градот се состои од електрични возила.

Наградата „зелена престолнина на Европа“ се доделува од 2010 година, а во 2016 година титулата ја понесе Љубљана.

Oslo4

Oslo5

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top