Сите љубители на софистициран современ дизајн сигурно ќе ценат сè што хотелот Fogo Island Inn нуди. Сместен е на островот Њуфаундленд во Атлантскиот Океан, а лоциран на карпи кои овозможуваат неверојатен поглед.
Архитектите кои работеле на хотелот сакале да направат помалку футуристички објект кој во исто време ќе се спротивстави на недопрената природа во која се наоѓа, но, исто така, ќе понуди опција за вклопување во пејзажот, бидејќи надворешниот изглед на зградата изгледа грубо како карпите на кои се наоѓа.
Кога станува збор за ентериерот, ситуацијата е сосема поинаква. Сè е подредено на релаксација и ултимативно искуство на одмор во дизајнерскиот хотел. Преовладуваат светли нијанси со детали во силни бои, а хотелот нуди и дополнителни содржини, како што се киносала и спа третман.