Насловна / Вести / Оригинален начин да се поттикнат луѓето да не фрлаат ѓубре насекаде

Оригинален начин да се поттикнат луѓето да не фрлаат ѓубре насекаде

frlanje gjubre so igra

Британската организација „Hubbub“ планира да ги исчисти улиците на Лондон преку својата иновативна кампања наречена #neatstreets. Еден паметен проект ги тера пушачите да гласаат на неколку теми поставувајќи ги нивните отпушоци од цигари во поделени кутии на јавни места; друг користи уреди кои свират музика кога се става отпушок од цигара; а што се однесува до гумите за џвакање, ги тера луѓето да поврзуваат точки на специјално дизајнирани табли.

Frlanje gjubre so igra4

„Нашата јавна анкета откри дека неверојатни 86% од луѓето мислат дека фрлањето ѓубре е гнасна навика, а сепак само 15% од нас би се соочиле со некој и би им го кажале тоа“, пишува организацијата. „Токму затоа, од мај до октомври воведовме нов пристап за справување со овој проблем; користејќи иновативен начин за подигнување на свеста на луѓето од целиот свет“, додаваат тие.

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top