Новиот Кемпински хотел на езерото Јанкју во Кина е проектиран и изведен во облик на сонце кое изгрева. Проектот е изработен од страна на архитектонското биро Shanghai Huadu Architect Design, а „изгревот на сонцето“ е видлив на предната фасада. Од оваа перспектива, хотелот има кружен облик, поточно личи на диск кој делумно е вкопан во земјата. Површината на фасадата од 18.075 квадратни метри е прекриена со 10.000 панели кои овозможуваат транспарентен и рефлекторски ефект. Осветлувањето на фасадата е распоредено долж целата височина во облик на ленти. Покрај впечатливиот изглед, хотелот има многу иновативни оперативни функции. Според компанијата Кемпински, природниот гас е главниот енергент кој се користи за греење и ладење, а преку фотоволтаици се произведува електрична енергија. Сите застаклени површини се четирислојни, со што значително се намалуваат топлинските загуби на објектот. Зградата е проектирана да издржи земјотрес од 8 степени по Рихтер. Изградбата траела 24 месеци, а биле ангажирани 3.900 работници.