Шангајското студио XL-Muse осмисли оригинален проект – тунел од книги во една кинеска продвница. Имено, полиците со книги се поставени така што достигнуваат до таванот во кружен облик, и се рефлектираат на подот.
Сето тоа е имитација за водна површина, а инсипрацијата за таков дизајн авторите ја пронашле во самата локација, односно мостовите во облик на лакови во Zhen Yuan. Во минатото, инспирирани од водата многу писатели го посетувале ова место.
Мостовите биле клучен фактор за културата и трговијата како дел од традицијата, а денес со овој дизајн се истакнува врската меѓу луѓето и книгите.