Јапонскиот ресторан „Акасака“ се наоѓа во еден од новите луксузни делови на Рим, каде што свои канцеларии и станови имаат водечките луѓе на римската власт.
Атмосферата на просторот е прилично тивка и е во урбан контекст. Три сали и една одвоена соба го чинат просторот на ресторанот. Визуелно, двете сали комуницираат меѓусебно, но втората сала и одвоената соба се прилично изолирани со голем ѕид. Целта на ваквиот дизајн е давање на поинаков просторен карактер на секоја област од ресторанот.
Ресторанот е специјализиран за јапонската кујна, што е особено интересно за Италија, земја со богата и славна кујна.
Ресторанот содржи елементи на месечина, облаци, ѕвезди, ветер, дрвја и луѓе. Покрај тоа, со користење на ориентална шема на бои и обрасци, проектот има за цел ориенталната атмосфера да биде сместена во западниот урбан контекст.
Ѕидот што тече зазема централно место во ресторанот и се состои од 620 дрвени коцки. Секоја коцка се наоѓа на различна оддалеченост од ѕидот. Светлата се инсталирани зад коцките. Тие го претставуваат ноќното небо: месечина зад облаци.