Насловна / Вести / Орхидеи – нега во саксија

Орхидеи – нега во саксија

Егзотичната орхидеја рhalaenopsis која потекнува од тропските предели на Азија и Австралија, најпозната е по тоа што ги разубавува домовите ширум светот. Постојат илјадници видови на орхидеи, но најпозната кај нас е орхидејата рhalaenopsis, која е едно од најпродаваните собни растенија поради лесното одржување и убавите цветови.

1

За успешно одржување на вашата орхидеја, мора да најдете рамнотежа помеѓу влажноста, температурата, светлината и протокот на воздух.

7

Наводнување на орхидејата

Во текот на сезоната на растење, полевајте ја орхидејата еднаш неделно или секогаш кога нејзините откриени корени добиваат валкана бела боја. Прелејте го со млака вода врз растението, кората и воздушестите корени три или четири пати во рок од 10 минути, давајќи му доволно време да апсорбира. Потоа внимавајте да нема вишок вода (да не плови растението во водата) и дури потоа вратете го на своето место, ако го оставите во многу водата, листовите ќе скапат и растението ќе се исуши.

Во текот на сезоната на цветање, можете да го намалите наводнувањето на околу еднаш во две недели.

3

Светлина

На орхидејата и треба многу светлина, но не директна светлина, директната светлина може да ја изгори. Ротирајте го растението одвреме-навреме за да продолжи да расте рамномерно. Во текот на зимата, можете да ја поставите вашата орхидеја на прозорец свртен кон југ или исток.

Растението ќе дава светло зелени листови со рамномерното осветлување, со премалку осветлување ќе произведе темнозелени листови, додека со премногу светло ќе се појави розова или црвеникава нијанса на работ на листот.

2

Температура

Сооглед на тоа дека е тропско растение, орхидејата phalaenopsis најдобро ќе успева на места каде што е топло и влажно (помеѓу 21°C и 29°C). Колку е повисока температурата, би требало толку да е поголема влажноста на воздухот.

На орхидеите им се допаѓаат и контрастни дневни и ноќни температури, за да цвета на растението му требаат неколку поладни ноќи (помеѓу 12°C и 18°C).

00

Земја

Орхидејата phalaenopsis е епифит – растение кое расте на друго растение, а не е паразит. За да се имитираат природни услови, орхидеите се садат во саксии со посебна почва, т.е. мешавина од кора од дрво, тресет и кокосови влакна.

6

Кастрење

Кастирете ја орхидејата еднаш годишно кога е во фаза на мирување, откако ќе избледат цветовите. Користејќи ножици, исечете го горниот дел на стеблото два сантиметра под јазолот за да го поттикнете растението да цвета повеќе следната сезона. Отстранете ги сите кафеави или црни лисја и отстранете ги мртвите корени.

8

Пресадување

Пресадете ја орхидејата на пролет, откако ќе паднат цветовите и ќе почнат да излегуваат корените од саксијата. Веќе зрело растение се пресадува на секои две години. Орхидејата ќе ја пресадите така што ќе земете саксија една големина поголема од претходната, која темелно ќе ја дезинфицирате пред да садите, бидејќи орхидеите се многу чувствителни на бактерии.

4

Прихрана

Орхидеите се хранат со специјално ѓубриво кое им обезбедува сет на хранливи состојки, ги одржува орхидеите во добра состојба и стимулира долго и често цветање. Редовната употреба на ѓубриво го забрзува развојот на цветните пупки и обезбедува интензивен раст на листовите, кореновиот систем, здрав изглед на листовите и цветање.

За време на цветањето, добро е да се прихрануваат со специјално ѓубриво за орхидеи, кое можете да го најдете во течна форма, во вид на стапчиња или во форма на шумливи таблети (следете ги упатствата на пакувањето на производот).

9

Без ѓубриво, цветовите се многу помали, а пупките се жолти и паѓаат, ѓубривото е од голема помош за успешно цветање на орхидејата.

Во текот на зимата, ѓубрењето не се користи бидејќи тоа е периодот на мирување, штом лисјата или фиданките почнат да никнуваат, орхидејата се прихранува со секое второ полевање.

5

Како повторно да процвета?

Во дивината, орхидејата phalaenopsis цвета само еднаш годишно, додека во затворен простор може да цвета на секои шест месеци со неколку едноставни чекори. Кога ќе падне последниот цвет, исечете го стеблото не повеќе од 4-5 сантиметри од последниот јазол. Продолжете да се грижите за вашата орхидеја како и обично, хранејќи ја со разредено течно ѓубриво за да го поттикнете растот и повторното цветање.

Преместете ја орхидејата во поладна просторија (помеѓу 12°C и 18°C) и со многу светлина, по некое време во оваа ладна просторија би требало повторно да процвета.

01

Испрати коментар

Scroll To Top