Насловна / Вести / Орелот со бела опашка се врати во Англија по 240 години

Орелот со бела опашка се врати во Англија по 240 години

Најголемата птица грабливец, орелот со бела опашка, се врати на англиското небо за прв пат по 240 години.
Орлите со бела опашка, чиј распон на крилјата е два и пол метри, беше вообичаена глетка во Англија, сè до 18 век, кога беа убиени нелегално.
Тие последен пат биле видени во 1780 година на островот Вајт, пред целосно да изумрат во Британија во 1918 година. Тоа е кога последниот орел со бела опашка бил застрелан на Шетландските острови во Шкотска, пишува Independent.
Покрај орелот со бела опашка, загрозени се и морските орли, кои се изумрени во неколку земји, објави Кралското друштво за заштита на птиците.

White-tailed sea eagles, Flatanger, Norway - Aug 2014
Благодарение на Здружението за шумарство од Англија и фондацијата за животински свет Рој Денис, овие изумрени видови се вратени назад.
Минатото лето, шест млади орли со бела опашка беа ослободени на островот Вајт како дел од петгодишниот проект чија цел е враќање на овие птици во јужна Англија.
Птиците биле донесени од дивината во Шкотска, каде што овие видови биле вратени на сличен начин во 1970-тите. Орлите имаат вградени GPS уреди, така што тимот што стои зад проектот може да ги следи.
Сателитските податоци му обезбедија на тимот увид во однесувањето на птиците и покажаа дека орлите со бела опашка поголемиот дел од своите зими ги поминуваа во хибернација, но со текот на времето, односно кога ќе пристигне пролетта, тие почнаа да истражуваат понатаму.
Два орла, машко и женско, полетаа сè до Националниот парк Маорде во Северен Јорк, каде што престојуваа со денови. Едно машко ја посети југоисточна Англија три дена и леташе 325 километри, додека некои птици останаа на островот Вајт.

Испрати коментар

Scroll To Top