Во непосредна близина на добро познатиот санаториум на Јозеф Хофман, ситуирана помеѓу реката Wien и улицата Wiener, се наоѓа ординацијата Wienerwald. Оваа трикатна структура е конституирана од три апартмани, сместени на последниот кат, чие природно осветлување е обезбедено од изведени засеци во волуменот, додека приземјето е организирано со неопходните простории за опслужување на ординацијата.
Специфичен сегмент од уредувањето на вкупната површина од 250 м² претставува примената на брезово дрво, како во ентериерот така и при дефинирањето на надворешната обвивка на приземјето, распоредувајќи 280 брезови трупци околу застаклената фасада. Покрај декоративната улога која придонесува за пријатната атмосфера во работните простори, брезовите трупци, како дел од фасадното обликување, ја зголемуваат приватноста во внатрешноста и истовремено функционираат како соларна заштита. Уредувајќи ги партерот и градината со насади од истиот тип на дрво, се создава унифицирана атмосфера која од внатрешноста суптилно се провлекува низ екстериерот.