Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Оранжериските производители бараат укинување на надоместокот за геотермални води

Оранжериските производители бараат укинување на надоместокот за геотермални води

oranzheriite-baraat-uslovi-za-koristenje-na-geotermalna-voda-184044

Да се укине надоместокот за користење геотермални води (седум денари за метар кубен) и обврските за нивно реинјектирање назад, во изворот, откако ќе бидат употребени за загревање, бараат оранжериските производители.

Како што беше речено на прес-конференција во Стопанската комора, остануваат и барањата за зголемување на субвенциите, решавање на проблемот со сопственоста на земјиштето, како и интервенирање за мазутот преку стоковните резерви бидејќи цената на овој енергенс изминативе години се зголеми преку 200 отсто. Затоа производителите предлагаат трошоците за мазутот да ги плаќаат во периодот април-мај, кога имаат прилив на средства од пласманот, а не на почетокот од годината, во декември-јануари, кога е екот на производството.

 

Испрати коментар

Scroll To Top