Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Оптимална поставеност на покривот за заштита од сончевото зрачење

Оптимална поставеност на покривот за заштита од сончевото зрачење

daniela_1

Секој објект има два големи предизвици од термички аспект – да се згрее во текот на зимските денови, и да се заштити од сонцето обезбедувајќи оптимална внатрешна температура. Со примена на различни мерки на енергетска ефикасност, ова веќе не претставува голем проблем. „Пустинската куќа“ е изградена во Австралиската пустина каде во лето температурите се искачуваат над 45, а во зима се спуштаат до -6 степени. Архитектонската компанија „Dunn&Hillam“ применила некои методи при самата изградба на објектот со цел негово оптимално приспособување на екстремните пустински услови.daniela_2

Со еден дел куќата е вкопана во земја, со цел да добие природна изолација. Покривот е под агол, што озможува природно струење на воздухот, со тоа создавајќи природна микроклима во куќата. Со помош на фотоволтаични модули и цевно-вакуумски колектор се обезбедува електрична енергија односно санитарна топла вода.

Интересно е дека катот од оваа куќа е направен од префабрикувани бетонски панели полнети со изолационен материјал, преку кои е поставена влакнесто-цементна покривка како фасада. Со ваков систем за изолација и начинот на изработка на покривот, куќата одржува оптимална температура во внатрешноста без оглед на надворешните услови.

Испрати коментар

Scroll To Top