Пред архитектот Пако Радовановиќ од студиото „Радо инженеринг“, поставена е задача за комплетно редизајнирање на дуплекс-стан од 190 м2 за четиричлено семејство, во повеќекатница во близина на Градскиот парк во Скопје.
Просторот се наоѓа во објект со не баш поттикнувачка архитектура на новото време со примена на „исплатливи“ материјали. При осмислување на коценптот на решението, свесно се одеше кон тоа просторот да се редизајнира со замена на материјали за подови, скали, врати, прозорци и минимална адаптација на диспозиција на ѕидови. Функционална организација на концептот е да се одвои нивото на дневен престој од спалните соби.
Новодобиениот изглед на редизајнираниот стан е формиран така што истовремено ќе биде во склад со континуитетот на заедничкиот живот на едно четиричлено семејство, ускладен со израз на индивидуална постојаност. Беше потребно да се премости јазот на интелектот, сетилата за вид, слух и допир, помеѓу желбата и просторот.
Оптималната густина на информации претставува главна цел во овој проект, кои се испитување, како и можност за остварување на дијалог на членовите на семејството помеѓу себе и влијанието на другите. Мрежен впечаток на обработените површини на применети материјали со количина на дрвени елементи во координација со печатен бетон на вертикални ѕидни површини.
Така реализирани соодноси создаваат убедливо складен простор, проткаен со минималистички елементи, кои во него внесуваат смиреност и спокој. Ентериерните зафати се поврзуваат во систем на фамилијарен микрокосмос, „мој простор“, како „паспарту“ за дела од колекцијата на големите македонски сликари Петар Мазев, Никола Мартиновски, Митко Манев, и овозможува нови визии за животот, што просторот и треба да биде. Сите детали придонесуваат за чувство на мир, спокој и хармонија.
Изработил: „Радо инженеринг“, Скопје
Фото: Андријана Тилиќ, дипл.инж.арх.