Насловна / Градежништво / Оптика спречува железнички несреќи во Кина

Оптика спречува железнички несреќи во Кина

central-Station0
Tим научници од Политехничкиот универзитет во Хонг Конг, наскоро треба да објават детали од седумгодишната програма која следела линија на брза железница во должина од 36 километри, а која користи специјални оптички сензори. Според соопштението објавено од страна на оптичкото друштво на САД, програмата открила „нетипични вибрации“ кои би можеле да предизвикаат железнички несреќи.
Овој нов систем на предупредување користи влакна Bragg, кои се всушност посебни рефлектори вградени во оптичките кабли кои, пак, рефлектираат само одредена светлосна бранова должина. Кога ќе се вградат во шините или механичките компоненти на возовите, таа бранова должина се менува според оптоварувањето, притисокот и моменталните промени. Следењето на овие мерења може да се користи за идентификација на аномалиите, како и за преголемите вибрации и механички дефекти.

Овој систем е само една третина од цената на други системи за предупредување кои имаат потреба од интеграција на податоците од бројни извори. Исто така, овој  систем носи заштеда од околу 250 илијади долари годишно. Моментално тој се користи по должината на сите патнички линии во Хонг Конг, а се очекува наскоро да биде поставен во некои железнички линии во Сингапур и Австралија.

Во текот на седум години од поставувањето, системот има собрано над 10 милиони мерења по должината на железничката линија во Хонг Конг. Од овие 10 милиони, само 30 се сметаат за невообичаени. Сепак, според професорот Там од  Политехничкиот универзитет, во неколку случаи тоа биле навремени предупредувања за можна несреќа.
central-Station

Испрати коментар

Scroll To Top