За Јајои Кусама, искуството на уметноста не е само гледање, туку таа верува дека може и да се зачекори во уметничките дела. Такви се и нејзините „Бесконечни соби со огледала“, а две може да се видат во Музејот Тејт. Изложбата на јапонската уметница во лондонскиот музеј отворена е уште во мај 2021 година, а поради неверојатниот интерес продолжена е по втор пати, до април следната година.
Огледалата и точките се доминантни мотиви во работата на Јајои Кусама. Поставката во Тејт е ретка можност да се доживеат две големи инсталации кои ги сместуваат посетителите во единствената визија на Кусама за бескрајните рефлексии.
„Бесконечна соба од огледала – исполнета со брилјантноста на животот“ е името на инсталацијата, која досега е една од најголемите на Кусама и е создадена за нејзината ретроспектива во 2012 година во Тејт Модерн.
Во ова импресивно дело, ѕидови од огледала и плиткиот базен со вода го умножуваат соѕвездието од ситни, висечки светла. Работејќи на инсталацијата, уметницата имал само една цел – да го визуелизира брилијантното искуство на животот.
Стотици ЛЕД светла менуваат бои во кореографска секвенца, одекнуваат низ просторот и создаваат навидум бесконечен изглед на бескрајно ноќно небо. Во друг простор, раскошните стаклени лустери висат во ходникот со огледала создавајќи психоделичен пејзаж од светлина, кристал и стакло. Кусама делото го насловила „Лустер на тагата“, сугерирајќи дека убавината и тагата можат да се доживеат истовремено.
Изложбата е надополнета со филм и серија фотографии, од кои некои се изложени за прв пат, а кои го прикажуваат метеорскиот подем на Кусама и пружаат историски контекст за глобалниот феномен каков што денес станаа нејзините соби со огледала. Покрај фасцинантната документација за експерименталните перформанси и настани на Кусама, има и нова скулптура создадена од уметницата специјално за изложбата.
Јајои Кусама има 94 години и е еден од најпризнатите живи мултимедијални уметници во светот. Таа се испроба во сликарство, скулптура, дизајн, видео-арт и е меѓу најважните претставници на поп-артот. Со оглед на тоа што во поголемиот дел од својот живот страдаше од анксиозност и халуцинации, работата на Кусама често ги одразува нејзините халуциногени искуства.
Точките кои танцуваат во нејзината визија се прикажани преку повторени шари со точки, заштитен знак на нејзината работа. Бесконечните соби го прикажува тоа повторување, додека го истражуваат нејзиниот заштитен знак, психоделичен мотив преку замислениот простор и оптичките илузии.